Дома Трансфер зона Азар може да направи изненадувачки трансфер?

Азар може да направи изненадувачки трансфер?

Eден Азар не се снајде најдобро во Реал Мадрид, но мора да се каже дека и повредите имаат големо влијание.

Иако со бројни бонуси беше платен скоро 150 милиони евра лошата форма и повредите не му дозволуваат да ги оправда очекувањата кои навивачите ги имаа од него и сега се шпекулира дека би можел да си замине.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во дел од шпанските и островските медиуми сега се појави инфомрација дека интерес за Азар покажал неговиот поранешен клуб Челзи.

Според информациите понудата би изнедувала помеѓу 40 и 50 милиони евра, најмногу поради неговите чести повреди. Секако би било интересно да се види дали Азар може да ја врати старата форма во Англија.

Азар од доаѓањето во Реал одигра само 35 натпревари и постигна четири гола. Имаше дури 10 повреди и во овој период е надвор од терените повторно поради повреда. Зидан на него нема да смета до крајот на овој месец.

Ќе потсетиме, Азар дресот на Челзи го носеше од 2012 до 2019 година и во тој период на 253 натпревари постигна 110 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…