Реал Мадрид сака да се ослободи од Еден Азар уште во зимскиот преоден рок, пренесуваат шпанските медиуми.
Азар и оваа сезона не добива голема минутажа и главно е на клупата за резерви, па и тој сака да ја промени средината.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Реал издвои големо богатство за Еден Азар, но Белгиецот никогаш не ги оправда очекувањата, па сака да се ослободи од неговата висока плата.
Шпанските медиуми пренесуваат дека најреална опција за него е преселба во САД, каде неколку клубови од МЛС лигата покажуваат интерес за неговиот потпис.
Интерес за Азар покажувата и клубови од Серија А, но доколку сака да се пресели во Италија ќе мора да прифати помала плата.