Серхио Агуеро доживеа повреда во реваншот од четвртфиналето од Лигата на Шампионите против Ливерпул и мораше да го напушти теренот по само 24 минути гира.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Аргентинецот не можеше ниту да трча поради болките во коленото. Вчера, Серхио Агуеро се огласи преку Твитер и рече:
„Се опоравувам од артроскопска операција на коленото. Целосно сум мотивиран за што побрзо да се вратам на теренот“, напиша Агуеро.
Recuperándome de una artroscopia en la rodilla. Y con toda la fuerza para volver pronto y mejor a las canchas ?//Recovering from an arthroscopy on my knee. Fully motivated to get back soon to the field ?
— Sergio Kun Aguero (@aguerosergiokun) April 17, 2018
Напаѓачот на Аргентина нема да игра за Манчестер Сити до крајот на сезоната, но ќе биде спремен за натпреварот помеѓу Аргентина и Хрватска на Светското првенство во Русија. Агуеро е многу важен играч за репрезентацијата на Аргентина, а на 84 настапи постигна 36 гола, додека оваа сезона во Манчестер Сити постигна 30 гола и 7 асистении во само 39 одиграни натпревари.