Дома Трансфер зона Агуеро одбил побогата понуда од Јувентус и ја избрал Барселона

Агуеро одбил побогата понуда од Јувентус и ја избрал Барселона

Серхио Агуеро потпиша за Барселона, каде пристигна како слободен агент откако му заврши договорот со Манчестер Сити.

Шпанските медиуми сега ги открија финансиските детали од договорот. Агуеро на „Камп Ноу“ ќе заработува 6 милиони евра по сезона во наредните две години.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Медиумите откриваат дека Лапорта му кажал на Агуеро дека клубот е во тешка финансиска состојба и дека ќе мора да прифати помали примања, а Аргентинецот не се двоумел затоа што сакал да игра со Лионел Меси.

Во исто време Агуеро добил многу подобра понуда од Јувентус, но неговиот сон бил да го носи дресот на Барселона.

Само за споредба, Агуеро во Манчестер Сити заработуваше 17 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…