Напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро донесе конечна одлука и сигурно ќе го напушти клубот на лето, пренесува „АС“.
Договорот на Аргентинецот со „граѓаните“ истекува на крајот на сезоанта, а Агуеро веќе му ја соопштил својата одлука на раководствто.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Агуеро е разочаран што во последно време се почесто е оставен на клупата за резерви, па Гвардиола ќе му дозволи да замине и веќе бара замена.
32-годишниот напаѓач оваа сезона одигра само 11 меча и постигна 2 гола, а ова е негова 10-та сезона во клубот каде стана најдобар стрелец во историјата.