Англискиот напаѓач Хари Кејн и оваа сезона пружа фантастични партии во дресот на Тотенхем, па го привлече вниманието на многу европски гиганти, меѓу кои и Реал Мадрид.
„Кралевите“ бараат замена за Карим Бензема, кој оваа сезона не игра на потребното ново, па раководството на Реал смета дека Кејн е идеално решение.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во екот на шпекулациите за неговиот евентуален трансфер на „Сантиаго Бернабеу“ се огласи и Серхио Агуеро, кој се одлучи да го советува напаѓачот каде да ја продолжи кариерата.
Аргентинецот верува дека Реал е вистинскиот клуб за Кејн и дека со трансфер на „Бернабеу“ ќе направи вистински потег.
„Вистина е дека играч со неговите квалитети не би имал проблем да игра во така голем клуб како што е Реал Мадрид. Верувам дека тоа е вистинскиот клуб за него. Никој не знае што Кејн мисли и што ќе одлучи. Но, тоа не е мој проблем, туку негов“, изјави Агуеро.