Иднината на Серхио Агуеро е главна тема во медиумите откако Аргентинецот потврди дека на крајот на сезоната ќе го напушти Манчестер Сити.
Агуеро се поврзува со бројни клубови ширум Европа, но наводно тој не сака да ја напушти Англија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што пренесува „Телеграф“, 32-годишниот напаѓач моментално размислува за Тотенхем и Челзи, клубови кои веќе испратиле понуди до неговиот агент.
Наводно приоритет на Агуеро е да остане во Премиер лигата, бидејќи Барселона се уште не испратила официјална понуда.
Агуеро до сега одигра 384 натпревари за Сити и стана најдобар стрелец во историјата на клубот со 257 голови.