Серхио Агуеро од фудбалот се пензионираше кон крајот на 2021 година откако на натпреварот помеѓу Барселона и Алавес мораше да биде заменет поради проблеми со срцето.
По прегледите беше утврдено дека има срцева аритмија и дека мора да одмара три месеци, сепак по деталните прегледи и лекувањето кое следеше покажаа дека Аргентинецот има сериозна срцева мана поради која мора да ја заврши кариерата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Од тогаш Агуеро е активен на друштвените мрежи, а сега се појави и во друштво со најпопуларниот шпански „стример“ Ибаи Ланос. Двајцата опуштено разговараа, а Агуеро во еден момент застана и се фати за срцето.
Tensión en directo que por suerte quedó en susto: @aguerosergiokun sufre una arritmia en directo con @IbaiLlanos. "¿Quieres que vayamos al médico?" pic.twitter.com/Yt2noDJF4V
— MARCA (@marca) March 30, 2023
„Дали си добро?“, праша Ланос. Агуеро молчеше некое време, а потоа одговори: „Мислам…Мислам дека имав напад на аритмија“, Ланос тогаш го запраша дали треба да одат во болница на што Агуеро одговори дека нема потреба и објасни дека има вграден чип.
„Имам вграден чип кој на мојот мобилен телефон ми го покажува проблемот, а ако е нападот посилен се активира и кај телефонот на мојот доктор. Се е во ред“, додаде Агуеро.
Агуеро во кариерата најдлабока трага остави играјќи за Манчестер Сити каде што дојде од Атлетико Мадрид во 2011 година за 40 милиони евра. На 390 натпревари за Сити постигна 260 голови и запиша 73 асистенции, освои пет титули шампион, а за Барселона настапи само на пет натпревар и постигна еден гол пред да се пензионира.