Серхио Агуеро ќе го напушти Манчестер Сити на крајот од сезоната како слободен играч.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Од моментот кога и официјално беше објавено дека Агуеро ќе напушти Сити започнаа шпекулации за неговата наредна дестинација. Се појави и името на Манчестер Јунајтед, но Солскјер тврди дека во таквите најави нема вистина.
„Лојалноста е многу важна за мене. Затоа не очекувам дека некој кој 10 години играл во најголемиот ривал во соседството да дојде кај нас. Професионалци сме, но кога играте за Сити, не одите во Јунајтед. Да, има такви примери, но искрено мене тоа не ми се допаѓа. Не сакам да кажувам имиња, сите ги знаете“, изјави Солскјер.