Дома Фудбал Агуеро: Барселона е чекор напред во кариерата

Агуеро: Барселона е чекор напред во кариерата

Аргентинскиот напаѓач Кун Агуеро од денес и официјално е нов играч на Барселона.

Агуеро доаѓа како слободен играч од Манчестер Сити и потпиша двегодишен договор со каталонскиот гигант.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


За Аргентинецот ова е враќање во Примера каде ја доживеа својата фудбалска афирмација во дресот на Атлетико Мадрид.

„Сите знаеме дека Барселона е најдобриот клуб на светот. Мислам дека донесов добра одлука да дојдам тука и се надевам ќе му помогнам на клубот. Секако дека ова е чекор напред во мојата кариера, многу сум среќен и се надевам ќе помогнам да се освојат титули“, истакна Агуеро.

„Како прво, сакам да играм и да им помагам на моите соиграчи. Ако на тимот му оди добро, јас ќе бидам среќен. Ги поздравувам сите наши навивачи и ветувам дека ќе дадам се од себе за да го исполнам ветувањето“,додаде Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ако му помине ова, Перез е апсолутен генијалец: Реал Мадрид подготви неверојатна јануарска понуда

Јануари е сѐ поблиску, а со тоа и трансфер периодот кој сигурно повторно ќе биде многу инт…