Eдисон Кавани не беше повикан за вчерашниот натпревар на ПСЖ со Лил и со тоа стана јасно дека Уругваецот е пред заминување.
Очекувањата се Кавани да го комплетира трансферот до крајот на зимскиот преоден рок. Како што стојат работите Кавани многу брзо може да стане играч на Атлетико Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реномираниот весник со седиште во Мадрид „АС“ објави дека стапиле во контакт со агентот на ургувајскиот фудбалер кој им дал потврда дека зделката можеби ќе биде комплетирана и до крајот на денешниот ден.
„Трансферот на Кавани може да се реализира уште денес. Медицинските тестови не се направени, но во тоа нема никаков проблем. Еди е во супер форма, повредата е зад него“, изјави агентот на Кавани.
Атлетико на ПСЖ би требало да му плати околу 20 милиони евра.