Агентот на бразилскиот напаѓач Габриел Жесус, Марсело Петинати потврди дека постои сериозен интерес од страна на Арсенал за неговиот клиент.
После доаѓањето на Халанд во Манчестер Сити јасно е дека за Габриел Жесус повеќе нема место во тимот, а Бразилецот притоа влегува во последната година од договорот.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Арсенал сака да ја искористи таквата ситуација и да го донесе на „Емирати“, но агентот потврди дека има интерес од уште шест други европски клубови.
„Имавме разговори со Арсенал. Ни се допаѓа проектот и можно е да преговараме. Има уште шест клуба кои се заинтересирани за Жесус. Засега тој е фокусиран на последните натпревари од сезоната со Сити“, изјави Петинати.