Арсенал е блиску до реализација на трансферот на напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жесус, пренесуваат медиумите на Островот.
Жесус ова лето сигурно го напушта Манчестер Сити, а Арсенал покажа најсилен интерес за Бразилецот. „Топџиите“ првично испратија понуда од 35 милони фунти која експресно беше одбиена.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Агентите на Бразилецот треба да пристигнат во Лондон оваа недела за да ги забрзаат преговорите со Арсенал, објави „Дејли Меил“.
Манчестер Сити инсистира да добие 50 милиони за слободата, но преговорите брзо напредуваат и медиумите тврдат дека двата клуба наскоро ќе го договорат трансферот.