Дома Топ вести Авантурата на Бејл во Мадрид завршува, а Покетнио со оваа изјава предизвика „ерупција“ помеѓу фановите на Тотенхем

Авантурата на Бејл во Мадрид завршува, а Покетнио со оваа изјава предизвика „ерупција“ помеѓу фановите на Тотенхем

Герет Бејл е фудбалер со огромни квалитети и тоа не е спорно, но и фудбалер кој во текот на кариерата го следат голем број повреди.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Доведен беше во Реал Мадрид како следна голема ѕвезда од Тотеххем, но може да се каже дека во целост не ги исполни очекувањата. Секако, Бејл стана важен дел од тимот, но никогаш најважен, влијание за тоа сигурно има присуството на Роналдо, а во последно време се повеќе е надвор од теренот.

Како што овој момент стојат работите изгледа дека и за Бејл и за Реал е најдобро тој да замине. Конкретни понуди нема, но неколку клубови покажуваа интерес, а најмногу Манчестер Јунајтед кој е во потрага по некое големо име.

Тука е и поранешнот клуб на Бејл, Тотенхем, а Маурисио Покетино е тој кој со својата изјава отвори повод за зголемување на шпекулациите повразни со враќање на Бејл на „Вајт Харт Лејн“.

„Секако дека тој е фантастичен играч. Имав прилика да го видам кога игравме во Мадрид. Тој сеуште е во конктакт со луѓето во овој клб . Немам близок однос со луѓето околу него, но никогаш не знаете што може да се случи во фудбалот“, кратко прокоментира менаџерот на „петлите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…