Герет Бејл е фудбалер со огромни квалитети и тоа не е спорно, но и фудбалер кој во текот на кариерата го следат голем број повреди.
Доведен беше во Реал Мадрид како следна голема ѕвезда од Тотеххем, но може да се каже дека во целост не ги исполни очекувањата. Секако, Бејл стана важен дел од тимот, но никогаш најважен, влијание за тоа сигурно има присуството на Роналдо, а во последно време се повеќе е надвор од теренот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што овој момент стојат работите изгледа дека и за Бејл и за Реал е најдобро тој да замине. Конкретни понуди нема, но неколку клубови покажуваа интерес, а најмногу Манчестер Јунајтед кој е во потрага по некое големо име.
Тука е и поранешнот клуб на Бејл, Тотенхем, а Маурисио Покетино е тој кој со својата изјава отвори повод за зголемување на шпекулациите повразни со враќање на Бејл на „Вајт Харт Лејн“.
„Секако дека тој е фантастичен играч. Имав прилика да го видам кога игравме во Мадрид. Тој сеуште е во конктакт со луѓето во овој клб . Немам близок однос со луѓето околу него, но никогаш не знаете што може да се случи во фудбалот“, кратко прокоментира менаџерот на „петлите“.