Дома Фудбал Англија Џерард: Во Сити направиле нешто многу погрешно, да почекаме

Џерард: Во Сити направиле нешто многу погрешно, да почекаме

Maнчестер Сити освен што од УЕФА доби забрана за настап во европските натпреварувања во наредните две сезони, постои можност да останат и без титулата во Премиер лигата од 2014 година.

УЕФА потврди дека Сити го прекршил финансискиот фер-плеј и затоа ги казни „граѓаните“. После потврдата од УЕФА и Премиер лигата започна да го истражува спорниот период во Сити (од 2012 до 2016 година).

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во тој период во 2014 година Сити ја освои титулата со два бода предност во однос на Ливерпул и сега не е невозможно со казнени бодови за таа сезона титулата да заврши кај Ливерпул. Тоа ќе значи дека долгогодишниот капитен на Ливерпул кој освои се со Ливерпул освен Премиер лигата, сепак ќе дојде до овој трофеј.

Свое мислење на оваа тема даде и самиот Џерард.

„Треба да се почека да се види. Јасно е дека веќе добија тешка казна, но следи жалба и треба да се почека. Тогаш треба да се види како ќе реагира Премиер лигата, но од преспектива на УЕФА во Сити направиле нешто многу погрешно. Ме интересира што ќе случи од очигледни причини. Сити во овој момент е шампион и им честитам на тоа. Додека не добиеме повеќе информации не можеме да коментираме“, изјави сегашниот тренер на Глазгов Ренџерс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Енцо Фернандез подготвен да го форсира својот трансфер во Реал Мадрид летово

Една од ѕвездите на Челси, Енцо Фернандез, е подготвен да достави барање за трансфер по кр…