Како што сега стојат работите босанскиот напаѓач Един Џеко ќе ја промени средината на крајот од сезоната.




36-годишниот напаѓач не е стартер во тимот на Симоне Инзаги, на теренот во последно време добива повеќе шанса, но тоа е поради пворедата на Ромелу Лукаку. Џеко беше стрелец и на еден од головите во поразот од Милан со 3:2.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Договорот на Џеко со Интер истекува на крајот на сезоната, а медиумите во Италија пренесуваат дека во овој момент нема најави дека ќе дојде до продолжување на соработката.




Не е исклучена можноста разговорите да започнат после Светското првенство. Но, во Интер сакат да го намалат буџетот за плати, додека Џеко пред себе имал далеку подобри финансиски понуди од САД и Саудиска Арабија.



