![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2017/07/edin-dzeko-francesco-totti-roma_1v3xv8p8jyks01x9ujqvbs3b5w.jpg)
Франческо Тоти во изминатата сезона го одигра последниот натпревар во дресот на Рома каде што ја помина целата своја кариера.
Легендарниот капитен на Рома одлучи да се прости од „Волчицата“ и да ја заврши својата играчка кариера, а дресот со број десет после 25 години остана слободен. Според пишувањето на италијанските медиуми, Един Џеко изразил желба да ја превземе „десетката“.
Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓
Наводно од управата на Рома го одбиле неговото барање и порачале дека дресот со број десет подолго време нема да биде во употреба поради почит кон Тоти.
Исто така Рома и во наредната сезона ќе пушти дресови од Тоти во продажба, со тоа од Рим сакаат да покажат колку им значи легендарниот фудбалер.