Иако англиските медиуми на големо неодамна тврдеа дека фудбалерот од средниот ред на Ливерпул веќе се договорил со Јувентус, изгледа дека Гвардиола ќе се обиде во последен момент да го „украде“ планираното засилување на „старата дама“.
На Емре Чан на крајот од сезоната му истекува договорот со „црвените“, иако Ливерпул се обидува да го убеди да остане на „Енфилд“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германецот веќе е во преговори со Јувентус, неодамна се појави вест и дека се е договорено. Како и да е доколку не е сигурно е блиску.
Сепак, според последните информации од Англија Пеп Гвардиола има намера да се вклучи во трката за овој фудбалер.
Својата шанса и надеж дека не е ништо договорено, Гвардиола ја гледа во тоа што ниту клубовите, ниту фудбалерот не потврдиле дека работата е завршена.
Чан оваа сезона за Ливерпул во сите натпреварувања запиша 30 настапи, постигна три погодоци и запиша три асистенции.