Дома Фудбал Италија Ќе разберевме да е на почеток на кариера ама сега!? Сари закажал тренинг во 17:00 часот, Роналдо дошол во 12:52!

Ќе разберевме да е на почеток на кариера ама сега!? Сари закажал тренинг во 17:00 часот, Роналдо дошол во 12:52!

Кристиано Роналдо ќе мора да се стрпи и да па почека уште некоја недела пред да се врати фудбалот во Италија.

Роналдо е познат како вистински перфекциониста, голема важност дава на физичката спремност и максмимално води сметка за своето тело и поради тоа иако има 35 години изгледа многу помладо.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Колку на португалскиот ас му се важни тренинзите и продолжувањето од сезоната да го дочека што повеќе спремен покажува вчерашната ситуација од тренинг кампот на Јувентус.

Маурицио Сари закажал тренинг во 17:00 часот, а Роналдо верувале или не таму бил четири часа порано. Вратата на тренинг центарот за неговото возило се отворила во 12:52 пишува „Кориере дело Спорт“.

Роналдо самојстојно тренирал неколку часа, а потоа следел и заедничкиот тренинг со соиграчите.

Инаку, после скоро три месеци Јувентус првиот натпревар ќе го игра на 13. јуни и тоа во реванш натпреварот од полуфиналето во купот на Италија.

Претходно Италијанците пишуваа и дека докторите во Јувентус биле зачудени од физичката спремност на Роналдо, тој бил подобро спремен отколку пред сезоната да се прекине во март (повеќе за ова тука).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…