Сезоната во Италија ќе продолжи за две недели, а клубовите веќе се спремаат во полна пареа.
Јувентус беше еден од првите клубови кои после двомесечната пауза одлучи да се врати во тренинг центарот. Играчите конечно можат да тренираат во групи и јасно е дека во Јувентус се и тоа како мотивирани.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Клубот од Торино до крајот на сезоната го очекува борба за Скудетото во Италија, но тука е и Лигата на шампионите што веќе неколку години е приоритет за италијанскиот тим
„Тутоспорт“ пишува дека фудбалерите на Јувентус биле и тоа како мотивирани за продолжување на сезоната, а тоа посебно се однесува на Кристиано Роналдо. Португалецот ги шокирал докторите во Торино со својата форма после двомесечната пауза.
Како што пишува италијанскиот медиум Роналдо иако има 35 години покажал неверојатен напредок и ја подобрил својата стартна брзина и издржливост. Португалецот успеал во тоа иако тренираше во домашна изолација.
Неговата неуморна работа се исплати бидејќи докторите во Јувентус тврдат дека Роналдо е подобро физички спремен отколку во март кога сезоната беше прекината.