Јувентус во зимскиот преоден рок сака да го засили нападот, а прва желба е играчот на Манчестер Јунајтед, Џошуа Зиркзе.
Зиркзе ова лето пристигна како големо засилување во Јунајтед, но разочара во досегашниот дел од сезоната, а и новиот тренер нема да смета сериозно на него. Поради тоа би можел да ја промени средината во јануари.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
И самиот фудбалер не е задоволен од престојот на „Олд Трафорд“ и сака да се врати во Италија, каде ја доживеа својата фудбалска афирмација.
Јувентус веќе почнал преговори со Манчестер Јунајтед и сака да го доведе Холанѓанецот на позајмица со задолжителен откуп следното лето.