Сопствениците на Манчестер Јунајтед, семејството Глејзер ќе се обиде да го смири фановите со големи трансфери ова лето.
Во неделата фановите започнаа протсест против американските сопственици, влегоа на „Олд Трафорд“ и не дозволија да се одигра дербито со Ливерпул.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Сопствениците на Јунајтед немаат намера да ги продадат акциите на клубот туку планираат да ги смират фановите со трансферот на Хари Кејн, кој е трансфер цел број еден.
Кејн игра уште една фантастична сезона за Тотенхем и до сега има постигнато 31 гола во сите натпреварувања, но не е задоволен од резултатите на тимот.
Кејн е спремен на лето да ја промени средината и преферира да остане во Англија, па Манчестер Јунајтед сака да ја искористи таа ситуација и спрема понуда од 90 милиони фунти.
Manchester United are reportedly looking to sign Tottenham striker Harry Kane for £90m to placate the fans following protests against the Glazer family. (Source: Sun Sport) pic.twitter.com/asMnYZkjIh
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 5, 2021