Манчестер Јунајтед може да се раздели со четворица фудбалери ова лето, од кои две големи ѕвезди.
Според „ЕСПН“ клубот од Олд Трафорд ги ставил на продажба Антони Марсијал и Ван де Бек и за нив очекува понуди ова лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неколку клубови веќе покажуваат интерес за двете ѕведи. Холанѓанецот пристигна минатото лето за 40 милиони фунти, но не ги оправда очекувањата и главно ја грее клупата за резерви.
Што се однесува до Марсијал тој самиот побарал да ја промени средината со оглед на се поизвесното доаѓање на Џејдон Санчо. Французинот така ќе го загуби местото во тимот и го известил агентот да му бара нов клуб.
Андреас Переира и Диого Далот, кои играа на позајмица минатата година во Лацио и Милан, исто така ќе бидат продадени ова лето.