Дома Фудбал Јунајтед славеше со 6:2, а Погба тврди дека ништо не е готово

Јунајтед славеше со 6:2, а Погба тврди дека ништо не е готово

Францускиот играч Пол Погба смета дека ништо не е завршено иако неговиот тим во првиот натпревар од полуфиналето во Лига Европа славеше против Рома со 6:2.

Рома водеше со 2:1 на полувреме, но на крајот доживеа дебакл и се чини дека остана без финале во ЛЕ.

„Резултатот е добар, но не е готово. Мора да бидеме внимателни во вториот натпревар и да одиграме во добро издание. Во првиот дел имавме две грешки и примивме два гола.“ – рече Погба и додаде:

„На полувремето рековме дека ќе ги исправиме работите. Сите бевме мотивирани да постигнеме што повеќе погодоци.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аталанта го прекина низот порази со победа над Венеција

Аталанта ја прекина низата од три порази со победа од 3-1 против Венеција, благодарение на…