Дома Трансфер зона Јунајтед повторно на „шопинг“ во Минхен: Англискиот гигант сака тројца играчи на Баерн?

Јунајтед повторно на „шопинг“ во Минхен: Англискиот гигант сака тројца играчи на Баерн?

Како што стојат работите, Манчестер Јунајтед би можел да направи промени во играчкиот кадар и во јануарскиот преоден рок.

Јунајтед летово ги одведе Матијас Де Лихт и Мазрауи од Баерн Минхен, а сега „црвените ѓаволи“ повторно се поврзуваат со играчи на гигантот од Минхен.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Според најавите клубот од „Олд Трафорд“ е спремен да потроши над 200 милиони евра. Наводно, раководството како желби ги означило Леон Горецка, Лерој Сане и Алфонсо Дејвис кои и претходно се поврзуваа со заминување од Минхен.

Горцека со Компани не добива минутажа каква што посакува, а таква е ситуацијата и со Сане. Англичаните пишуваат дека ЈУнајтед во јануари ќе се обиде да ги доведе овие двајца, додека ситуацијата со Дејвис е поинаква.

Канаѓанецот е стандарден, меѓутоа одбива да го продолжи договорот кој му истекува на крајот од сезоната, Јунајтед го контактирал и ја разгледувал опцијата да го доведе како слободен играч без оштета идното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Лапорта има пеколен план за Халанд

Ерлинг Халанд e голема желба Лапорта која можеби и ќе стане реалност, но не порано од наре…