Раководството на Манчестер Јунајтед не ја исклучува можноста да го продаде Пол Погба до крајот на преодниот рок.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во клубот се уште се надеваат Погба да потпише нов договор бидејќи актуелниот му истекува на крајот на сезоната.
Доколку тоа не се случи, нема да биде изненадување ако Французинот си замине од „Олд Трафорд“ во последните деновуи од трансфер пазарот.
Погба на фантастичен начин ја отвори сезоната и покажа дека е во исклучителна форма. Меѓутоа, се уште не потпишал нов договор, а Јунајтед сака да ја избегне можноста да го загуби без пари.
„Црвените ѓаволи“ му понудија нов договор до плата од 400.000 фунти неделно, со што Погба ќе стане најплатен фудбалер во Премиер лигата, меѓутоа се уште нема одговор од играчот.