Дома Топ вести Јунајтед, Ливерпул и Арсенал тргнуваат по Гризман

Јунајтед, Ливерпул и Арсенал тргнуваат по Гризман

Три англиски гиганти, Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Арсенал покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Барселона, Антоан Гризман, пренесуваат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Медиумите тврдат дека новиот тренер на Барса, Роналд Куман му ветил на Гризман централна улога во тимот, но откако Меси реши да остане, работите се променија.

„Мундо Депортиво“ се повика на извори блиски до 29-годишниот Французин, кои тврдат дека Гризман сака да остане на „Камп Ноу“.

Шпанско радио сега открива дека во соблекувалната имало конфликт бидејќи соиграчите на Меси не се огласиле поради останувањето на Аргентинецот, кој е разочаран од нивните реакции.

Сепак, целата оваа драма во Барселона може некој скапо да го чини, а според каталонските медиуми Антоан Гризман е на излезна врата.

Англиските гиганти внимателно ја следат ситуацијата и се очекува да стапат во контакт со неговиот агент во следните денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…