Дома Фудбал Англија Јунајтед и Арсенал се надминаа себе си, но во негативен контекст

Јунајтед и Арсенал се надминаа себе си, но во негативен контекст

Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд го игра дербито против Арсенал и на полувремето води со 1:0.

Екипата на Оле Гунар Солскјер поведе во 45. минута кога МекТоминеј со одличен удар го совлада Лено за 1:0.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Само една минута претходно Арсенал во еден напад имаше две шанси за водство, но Давид де Геа одлично реагираше и ја сочува својата мрежа.

Сепак, во првиот дел на првото полувреме видовме лоша представа, а тоа го покажува податокот кој малкумина го очекуваа во овој натпревар.

Имено, Манчестер Јунајтед и Арсенал во првите 27 минути не упатиле ниту еден удар кон головите што претставува најдолго време кое поминало без удар на гол во еден натпревар оваа сезона во ПЛ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мореска може да добие големо засилување пред мечот со Астон Вила

Лајам Делап, играч на Челзи, повторно се приклучи на тренинзите со првиот тим, што значи д…