Дома Топ вести Јунајтед добива големо засилување: Најбараниот Португалец на чекор од „Олд Трафорд“

Јунајтед добива големо засилување: Најбараниот Португалец на чекор од „Олд Трафорд“

Англиските и португалските медиуми потврдија дека Манчестер Јунајтед и Спортинг Лисабон постигнале договор со трансфер на Бруно Фернандеш.

Португалскиот офанзивен фудбалер денес или најдоцна утре треба да пристигне во Манчестер на лекарски прегледи, а потоа ќе стави потпис на 4,5 годишен договор со „црвените ѓаволи“.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Манчестер Јунајтед за неговиот потпис ќе плати 70 милиони евра со вклучени бонуси, а Фернандеш вчера со гол се прости од Спортинг Лисабин.

Фернандеш беше голема желба на Јунајтед и другите англиски гиганти уште во зимскиот преоден рок, но тогаш Спортинг одолеваше на богатите понуди.

Португалецот ќе биде големо засилување за Солскјер, кој ќе добие креативен играч за врска со одличен голгетерски инстикт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…