Дома Трансфер зона Јунајтед бара партнер на Мегваер, прва мета одличниот Аргентинец од Аталанта?

Јунајтед бара партнер на Мегваер, прва мета одличниот Аргентинец од Аталанта?

Изгледаше на почетокот на сезоната дека Манчестер Јунајтед ќе има тешка сезона, но Солскјер успеа до некаде да ги сврти работите и во Премиер лигата ќе завршат веројатно на втората позиција, а ги чека и финалето во Лига Европа.

Мегваер оваа сезона, посебно во вториот дел ги крена настапите на едно повисоко ниво. Капитенот на Манчестер Јунајтед доминира во многу статистички податоци во Премиер лигата. Проблем за Солскјер е неговиот партнер, Баи и Линдлоф не се во форма, па клубот е во потрага по втор стопер.

Се споменува Свен Ботман од Лил, Кунде од Севиља, но и Кристијан Ромеро од Аталанта. Ромеро во Аталанта е позајмен од Јувентус. Според информациите од Островот прва мета е Ромеро.

Аргентинецот има одлична сезона сезона во Бергамо. Аталанта има опција да го откупи неговиот договор за 16 милиони евра и со оглед на неговите настапи тоа не е голема сума. Очекувањата се во Бергамо да ја искористат опцијата за откуп со тоа што потоа би можеле и поскапо да го продадат.

Треба да се спомене и дека сезонава Ромеро има одлични офанзивни бројки за еден дефанзивец. Зад своето име има три гола и пет асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Рамос го шокирал Малдини со своите барања

Серхио Рамос вчера и официјално се прости од Реал Мадрид. Овој искусен дефанзивец во дресо…