Големиот тален на Барселона, Ансу Фати би можел на крајот на сезоната да го напушти „Камп Ноу“.
Фати важеше за најголем талент на „Ла Масија“, но оваа сезона ретко добива шанса кај тренерот Чави, па јавно го искажа своето незадоволство.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Барселона не е задоволна од тоа како се развива неговата кариера, па е спремна да го продаде на лето, бидејќи има и финансиски проблеми.
Најсилен интерес за Фати покажува Јувентус, кој веќе стапил во контакт со неговиот агент и е спремен да понуди 50 милиони евра плус бонуси.