Јувентус е во потрага по квалитетен играч за врска, а италијанските медиуми пренесуваат дека „старата дама“ сега се насочува кон играчот на Барселона, Андре Гомеш.
Андре Гомеш и минатото лето беше трансфер цел на „бјанконерите“, но тогаш Португалецот се одлучи за преселба во Барселона.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Во својата прва сезоната на „Камп Ноу“ не се најигра баш многу, а беше прогласен од страна на навивачите како „промашување на сезоната“.
Поради тоа Барселона нема да се противи на неговото заминување, а Јувентус сака да ја искористо таквата ситуација.
Италијанските медиуми пренесуваат дека двата клуба веќе започнале преговори, а Барселона за неговата слобода бара 35 милиони евра.