Раководството на Јувентус покажува силен интерес за ѕвездата на Тотенхем, Хјонг-Мин Сон, пренесуваат италијанските медиуми.
Кореецот, игра уште една одлична сезона и до сега има постигнато 17 гола и 9 асистенции за Тотенхем.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сон има договор со тимот од Лондон до 2023 година, но Јувентус е спремен да му понуди многу поголема плата и да плати 90 милиони евра за неговиот потпис.
„Старата дама“ верува дека покрај фудбалските квалитети Сон ќе придонесе и за комерцијални придобивки на клубот во азискиот пазар.
За да соберат пари за трансферот на Сон, во Јувентус се спремни да ги продадат Арон Рамзи, Бернардески и Даглас Коста.