Дома Топ вести Јувентус спрема мега-понуда за Мбапе, го вклучува и Роналдо

Јувентус спрема мега-понуда за Мбапе, го вклучува и Роналдо

Килијан Мбапе ќе биде „најжешка“ трансфер тема следното лето бидејќи се очекува да го напушти Пари Сент Жермен.

Реал Мадрид веќе долго време работи на трансферот и важи како фаворит за потписот на младиот Французин, но сега „кралевите“ добија жестока конкуренција.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Имено, италијанските медиуми тврдат дека Јувентус следното лето нема да жали пари за да го донесе Мбапе во Торино.

Според информациите на „Тутоспорт“, Јувентус е спремен да понуди фантастични 400 милиони евра за услугите на Килиан Мбапе.

Јувентус е спремен да се откаже од својата ѕвезда Кристиано Роналдо, кој би можел да заврши токму во ПСЖ како дел од трансферот на Мбапе.

Медиумите тврдат дека „старата дама“ е спремна на Мбапе да му понуди годишна плата од 45 милиони евра плус бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …