Јувентус размислува да го вклучи Мојс Кин во договорот за Алваро Мората, пренесуваат италијанските медиуми.
„Старата дама“ сака да се договори со Атлетико Мадрид за перманентен трансфер на шпанскиот напаѓач. Мората е во сопственост на „јорганџиите“ и во последните две сезони играше на позајмица во Јувентус.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Бјанконерите“ имаат опција да го купат Мората за 35 милиони евра, но Јувентус не е спремен да плати повеќе од 15 милиони евра плус бонуси.
Сепак, италијанските медиуми пренесуваат дека „старата дама“ може да го вклучи Моис Кин во зделката.
Директорот на Јуве, Федерико Черубини ќе отпатува во шпанската престолнина за да разговара со челниците на Атлетико и да најдат заеднички јазик за трампа.