Марко Верати размислува да го напушти францускиот шампион ПСЖ на крајот на сезоната, пренесуваат италијанските медиуми.
Верати е незадоволен од ситуацијата во клубот и смета дека сега е вистински момент за трансфер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Негова цел е да се врати во Италија, а интересно е дека тој досега во кариерата нема настапувано во Серија А, бидејќи во ПСЖ пристигна од Пескара.
Ситуацијата будно ја следат Интер и Јувентус кои сакаат да го доведат 30-годишниот плејмејкер.
Верати има и понуда од Саудиска Арабија, но се чини дека сепак многу поблиску е до враќање во Италија доколку го напушти ПСЖ.