Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус и Барселона планираат нова трампа на своите ѕвезди.
Минатото лето двата клуба направија трампа помеѓу Пјаниќ и Артур, а сега се спремни да преговараат за размена помеѓу Дембеле и Дибала.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дембеле не ги оправда очекувањата на „Камп Ноу“, па Барселона е спремна да го продаде и да се ослободи од неговата висока плата.
Од друга страна Дибала влегува во последната година од договорот и Јувентус ќе мора да го продаде ова лето, па двата клуба можат да направат трампа.
Двете ѕвезди имаат слаби сезони, па и самите сакаат да ја променат средната.
Добрите односи помеѓу двата можат да помогнат брзо да се стигне до договор помеѓу сите четири страни.