Дома Трансфер зона Јувентус го купува „новиот Недвед“

Јувентус го купува „новиот Недвед“

Како што пренесуваат италијанските медиуми скаутите на Јувентус се воодушевени од младиот играч за врска на Спарта Прага, Николас Пенер и сакаат да го донесат во Торино.

Јувентус важи за клуб кој одлично скаутира млади таленти, па овој пат го „снимија“ 16-годишниот играч на Спарта Николас Пенер кој во својата татковна има епитет „новиот Недвед“.


Луд викенд: "Ел Класико" во Шпанија и супер дербија во Англија и Италија! ↓↓↓


Играчот беше на проба во Торино и тренерише со младинците на „старата дама“, а медиумите тврдат дека наскоро ќе му биде понуден и договор од страна на Јувентус.

За неговите услуги заинтересирани беа Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, но италијанскиот клуб успеа да ја победи трката и да го убеди младиот фудбалер да се пресели во Торино.

Голема улога во трансферот сигурно играше и Павел Недвед, кој во моментов ја има улогата на потпретседател на италијанскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Лапорт во јануари го засилува Реал

Реал Мадрид во зимскиот преоден рок сака да ја засили одбраната и сигурно ќе доведе еден д…