Дома Топ вести Јувентус го купува Киеза за крај на преодниот рок

Јувентус го купува Киеза за крај на преодниот рок

Останаа уште неколку дена до крајот на преодниот рок, а раководството на Јувентус спрема вистинска „бомба“ за крај.

„Тутоспорт“ пренесува дека Јувентус работи на последниот трансфер во овој преоден рок, а тоа е ѕвездата на Фиорентина, Федерико Киеза.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Бјанконерите“ сакаат прво да се ослободат од Даглас Коста и да направат место за Киеза, а дел од трансферот ќе го финансира и Даниеле Ругани, кој е на излезна врата.

Фиорентина ја отвори вратата за продажба на Киеза и бара 50 милиони евра, а Јувентус е спремен да ја плати таа сума.

Имено, „старата дама“ нуди 10 милиони евра за едногодишна позајмица, плус 40  милиони евра за откуп следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…