Екипата на Јувентус денеска објави добра вест со која ги израдува навивачите, нов договор со клубот од Торино потпиша Бразилецот, Желсон Бремер.
Бразилскиот дефанзивец во Јувентус пристигна во 2022 година од градскиот ривал Торино, а сега стави потпис на нова соработка до 2029 година.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во новиот договор на Бремер има и една важна промена. Откупната клазула од 60 милиони евра повеќе не важи, односно истата е зголемена. Засега не се открива за каква сума се работи.
Претходно Бремер се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, но сега е јасно дека ќе остане во Торино.