Минатото лето медиумите во Италија тврдеа дека Алегри ќе ја напушти „старата дама“, но на крајот италијанскиот стратег остана и потпиша нов договор.
„Тоа беа само шпекулации, јас со Јувентус имав договорено се уште пролетта. Секако дека еден ден ќе заминам од клубот, но не сега“, изјави Алегри.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Со новиот договор Алегри е далеку најплатен тренер во Серија А со 7 милиони евра по сезона, а италијанските медиуми пишуваат дека наредното лето би можел да го напушти Јувентус и да побара нов предизвик.
Во Јувентус не се грижат, веќе се поставени темелите за иднина, тимот е подмладен, а како што пренесуваат медиумите веќе знаат кој ќе биде негов наследник. Станува збор за Симоне Инзаги кој со голем успех го води Лацио.
„Бјанконерите“ ја следат неговата работа и смтаат дека одлично ќе се вклопи во нивната филозофија, па веќе го „пикирале“ за наследник на Алегри.
„Никогаш не вели никогаш“, кратко прокоментира Симоне Инзаги.