Дома Фудбал Останато Јовиќ скапо ќе плати: Кривична пријава во Србија и парична казна во Реал

Јовиќ скапо ќе плати: Кривична пријава во Србија и парична казна во Реал

Напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ го навлече гневот на себе во Шпанија и Србија откако избега од карантинот во Мадрид и се врати во Белград.

Сите играчи на Реал се во самоизолација, а Јовиќ за да присуствува на роденденот на своајта девојка, ја прекишил наредбата од клубот и се вратил во Белград.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тоа скапо ќе го чини напаѓачот бидејќи сега ќе добие кривична пријава за непочитување на самоизолацијата.

Спорно за полицијата е тоа што фудбалерот е забележан како се шета низ Белград со што ги прекршил прописите за самоизолација и се соочува со кривична пријава.

„Имаме подготвено и кривични пријави против некои од познатите спортисти. Овие луѓе ќе одговорат кога судот утврди дека е време за тоа “, потврди министерот за внатрешни работи на Србија.

Според извештаите во медиумите, освен Јовиќ, мерката за самоизолација ја прекршил и фудбалерот на Асколи, Никола Нинковиќ.

Покрај проблемите во Србија, Јовиќ сигурно ќе биде дополнително казнет од Реал Мадри за непочитување на клупските одлуки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Готово: Лампард се договорил со новиот клуб!

Поранешниот фудбалер и денес тренер, Френк Лампард наскоро би требало да биде промовиран н…