Дома Останати Тенис Јелена открива: Ѓоковиќ не собра сите и ни кажа дека се пензионира, бевме во шок, сите плачевме

Јелена открива: Ѓоковиќ не собра сите и ни кажа дека се пензионира, бевме во шок, сите плачевме

Сопругата на Новак Ѓоковиќ, Јелена зборуваше за тешкиот период кој гимал Новак во 2018 година по операцијата на лактот, повреда со која долго време се мачеше.

По операцијата Ѓоковиќ изгуби од Беноа Пер во второто коло од Мајами и тогаш и кажал на сопругата дека тоа ќе биде крај на неговата кариера.

„Дојде и ми кажа дека ова е крајот, поразот во Мајами беше тежок удар за него. Не собра сите и ни кажа дека се пензионира. Бев шокирана и збунета, не знаев што да мислам. Тогаш го повика неговиот менаџер за да му каже да ги извести спонзорите дека нема повеќе да игра тенис. Сите од семејството плачевме. Го прашувавме зошто се одлучил такво нешто“.

Еден момент на Ѓоковиќ му ја вратил желбата за тенис.

„Отидовме на одмор, Новак не сакаше ништо да знае за тенисот, не гледаше ниту натпревари на телевизија. Додека јас сакав да играм и ги носев децата на тенис. Се појави додека играв против една стара машина. Дојде без патики и маичка и ме праша дали може да му го дадам рекетот. Му одговорив дека не може, тој е пензиониран, се шегувавме малку со него. Така започна да тренира повторно, тоа се случуваше во годината кога се врати. Полека со тек на време повторно почна да посстигнува големи резултати и неговиот мотив се врати“, раскажа Јелена.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Федерер: Зошто да тренирам? Сега уживам

Проблемот со коронавирусот се уште постои во сите спортови па така и во тенисот и сега не …