Виктор Бонифејс е во завршни преговори со – Ал Наср!
Од Германија пристигна вест која го изненади фудбалскиот свет – Бонифејс го пропуштил денешниот тренинг, бидејќи челниците на Ал Наср допатувале во Леверкузен на преговори со понуда која не се одбива.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Наводно, клубот од Саудиската Арабија е подготвен да плати 50 милиони евра за неговиот потпис, а Бонифејс е поотворен за одење во Ал Наср отколку Душан Влаховиќ и Џон Дуран кои исто така беа спомнати овие денови.
Флоријан Плетенберг исто така додаде дека заминувањето на Бонифејс е повеќе од очекувано до крајот на зимскиот трансфер период.
Ова е секако голем удар за Чаби Алонсо, бидејќи станува збор за најдобриот стрелец на екипата, кој од пристигнувањето во Леверкузен постигна 29 голови и запиша 11 асистенции на 49 натпревари во сите натпреварувања. Исто така, тој е најзаслужен за минатогодишната двојна круна, бидејќи постигна 14 голови на 23 натпревари во походот кон титулата, а вкупно постигна 21 пат во сезоната 2023/24.
Она што е сепак неочекувано е тоа што во својата 24. година е блиску до заминување од најголемата сцена.
Јасно е дека се работи за пари, бидејќи е познато дека арапските клубови преплаќаат играчи од Европа и оваа тенденција продолжува и во 2025 година.
Бонифејс би играл во тимот со Кристијано Роналдо, Садио Мане, и ќе се обиде да ја нападне титулата, иако Ал Наср се наоѓа на четврта позиција со осум поени помалку од Ал Хилал и Ал Итихад.