Дома Трансфер зона Ѕвездата на Јувентус е најголемата желба на Мурињо

Ѕвездата на Јувентус е најголемата желба на Мурињо

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо како главна трансфер цел во летниот преоден рок го означи левиот бек на Јувентус, Алекс Сандро.

Мурињо сака да донесе врвен играч на таа позиција, особено поради фактот што на лето ќе им ја отвори излезната врата на Матео Дармијан и Лук Шо.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Алекс Сандро минатото лето остана во Јувентус, но не доби зголемување на платата, па „бјанконерите“ се спремни да го продадат ова лето доколку пристигне понуда од 60 милини евра.

„Црвените ѓаволи“ се спремни да ја платат таа сума па наскоро ќе почнат преговори со „старата дама“, која пак е заинтересирана за Матео Дармијан.

Поради тоа може да дојде до размена на двата клуба, па Јунајтед во Торино да го испрати Дармијан и 40 милиони евра за потписот на Алекс Сандро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус продаде напаѓач за 18 милиони евра, а ќе го доведе братот на фудбалерот на Интер

Како што стојат работите, Јувентус го продаде својот напаѓач, Моизе Кин во редовите на Фио…