Италијанските и арентинските медиуми пренесуваат дека Милан е во наредни преговори со Ривер Плата за младиот дефанзивец Лукас Мартинез.
22-годишниот централен дефанзивец е на мета на многу европски клубови, но Милан е најконкретен и е блиску до реализација на трансферот.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Клубот од „Сан Сиро“ загуби на стартот од сезоната и јасно е дека му се потребни засилувања, а Мартинез може до крајот на неделата да го облече дресот на „росонерите“.
Аргентинецот важи за еден од најперспективните дефанзивци во Јужна Америка и има откупна клаузула од 22 милиони евра, која Милан е спремен да ја плати.
Милан е во преговори и за друг Аргентинец, Анхел Кореја од Атлетико и се надева дека ќе успее да ги комплетира двата трансфери до 2-ри септември, кога се затвора трансфер прозорецот.