Дома Трансфер зона Ѕвездата на „Зборнаја“ се договори со Јувентус

Ѕвездата на „Зборнаја“ се договори со Јувентус

Русија вчера ја декласораше Саудиска Арабија со 5:0 на стартот на Мундијалот, а главна ѕвезда кај домаќините беше Александар Головин.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Младиот руски фудбалер и член на ЦСКА Москва го привлече вниманието на многу европски гиганти, но најконкретен од сите е италијанскиот шампион Јувентус.

Јувентус од поодамна покажа интерес за Головин, а „Скај Италија“ пренесува дека веќе имал средба со неговите агенти и ги договориле условите.

„За сега сакам да се фокусирам на СП и Русија, но чест ми е што ме бара Јуве. Сепак, сега сакам да имам што подобро СП“, изјави Головин после натпреварот.

Сега останува уште Јувентус и ЦСКА да ја договорот отштетата, но нема сомнеж дека рускиот клуб ќе ја зголеми цената после одличните партии на Мундијалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…