Дома Останати Тенис Ѓоковиќ најави големо враќање и напад на историска титула

Ѓоковиќ најави големо враќање и напад на историска титула

Новак Ѓоковиќ откри дека се рехабилитирал од сериозната повреда поради која беше принуден да го предаде мечот на Австралијан опен.

Да потсетиме, поради повредата на бутот, Ѓоковиќ се повлече откако во полуфиналето го загуби првиот сет од Александар Зверев.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Сега најдобриот тенисер на сите времиња откри дека се рехабилитирал и дека ќе настапи на турнирот во Доха кој е закажан од 17. до 22. февруари.

-„Повредата е скоро 100 проценти санирана и подготвен сум за нови работни победи. Имам зелено светло од медицинскиот тим дека можам да тренирам, дека можам да се подготвувам. Турнирот во Доха е на распоред сега за седум дена, па се држам до распоредот“, кажа Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ донесе изненадувачка одлука – негов прв турнир нема да биде Австралијан Опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ наскоро ќе го заврши одморот и ќе започне со новите тениски…