Дома Останати Тенис „Ѓоковиќ има противник кој не може да го победи, не се ниту Синер ниту Алкараз“

„Ѓоковиќ има противник кој не може да го победи, не се ниту Синер ниту Алкараз“

Џими Конорс, поранешниот светски број 1 и рекордер по број на освоени АТП турнири (105), имаше интересен коментар за учеството на Новак Ѓоковиќ на Австралија Опен.

Конорс истакнува дека никој не води толку грижа за своето тело како 37-годишниот Новак Ѓоковиќ и дека би сакал засекогаш да го гледа.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Новак Ѓоковиќ има противник кој не може да го победи. Тоа не се ниту Синер ниту Алкараз, туку годините. Едноставно, неизбежно е на еден момент да кажете доста. Исто како и Новак, и јас се соочувам со истото прашање, бидејќи играв до 43 години. Само е прашање до кој степен сакате да играте“, рече Конорс.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Алкараз се измачи против Фоњини на стартот на Вимблдон

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз со многу напор успеа да обезбеди пласман во второто коло …